Украле делови од пругата па возот излетал од шините, осомничен е 42 годишен маж

Сподели со своите пријатели

Четириесет и двегодишниот О.М од околината на Алибунар е уапсен поради сомнение за тешка кражба на делови од пругата поради која се излизгал патничкиот воз на станицата Николинци, соопшти денеска панчевата полиција.

Loading...

 

 

 

Се наведува дека осомничениот од 15 до 18 февруари повеќепати демонтирал и крадел делови од прекинувачи и шини од пругата во сопственост на железничката инфраструктура на Србија. Поради таа кражба минатата недела патнички воз кој сообраќал на релација Белград – Вршац се лизнал во близина на станицата Николинци. На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во Основното јавно обвинителство Панчево.