Синоќа околу 23.35 часот, полицијата на делот од коловозот каде што е дозволена брзина на движење е 80, сопрела 64-годишен маж кој управувал автомобил „голф“ во лента за застанување со брзина од 132,4 километри на час.Со алкотестирање било утврдено дека има 1,58 промили алкохол во организмот.
Loading...
Само четири часа подоцна од сообраќај е исклучена 28-годишна жена која возела „рено“ со брзина од 145,7 километри на час, на место каде дозволената брзина е 80 километри на час. Со понатамошна контрола е утврдено дека во телото имала 1,77 промили алкохол.