Со помош на неколку обични камчиња, украла дијаманти вредни милиони фунти (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На жената која украла дијаманти во вредност од неверојатни 4,3 милиони фунти  менувајќи ги за камчиња, и било наредено да врати само 245 фунти.

Loading...

Французинката Лулу Лакатос, која моментално отслужува затворска казна од пет и пол години во Велика Британија, била снимена од безбедносна камера додека се преправала дека е експерт за дијаманти по име Ана во златара во Лондон.

Во таа прилика успеала да земе седум дијаманти, од кои еден чинел 2,2 милиони фунти.

Како што пишува „Гардијан“, таа го извршила грабежот во 2016 година со тоа што им кажала на вработените во златарницата дека била таму за да процени скапи дијаманти во име на богат руски клиент. Дијамантите кои Лулу ги прегледалА требало да се стават во специјална брава и да се чуваат во трезор. Само неколку часа по кражбата, Лулу и нејзините соработници наводно побегнале од земјата и се упатиле кон Франција.

 

 

Сепак, нејзиниот план бил откриен бидејќи била снимена како ја испушта чантата во нејзината чанта пред да ја замени со дупликат со седум безвредни камења. Златарите дознале за кражбата кога следниот ден го отвориле сефот, а според британските медиуми оригиналните дијаманти никогаш не биле пронајдени.

Loading...

За време на сослушувањето во Краун судот Саутворк, на 60-годишната  и беше наложено да плати само 245 фунти.

– Што се однесува до бројките, забележлива е разликата меѓу остварената добивка од 4.299.671 фунти и расположливите средства од 293 евра и 57 центи – изјави судијата Александар Милн образложувајќи ја својата одлука.

Наскоро се очекува Лулу Лакатош да биде екстрадирана во Франција.