Го измислил своето киднапирање за да не добие отказ: Сега наместо да работи, може да помине 2 години во затвор

Сподели со своите пријатели

Млад човек од Волгоград го измислил своето киднапирање за да не добие отказ поради 10 дена отсуство по јануарските празници, а против него е покрената постапка за лажно пријавување, соопштија надлежните.

Loading...

Според податоците, вработен во една од фирмите во Волгоград не дошол на работа во периодот од 11 до 20 јануари, пишува РИА.

 

 

„За да избегне отказ и оправдување пред управата поради отсуство од работа, мажот решил свесно лажно да пријави до органите на прогонот дека бил киднапиран и насилно задржан од непознати лица“, се вели во соопштението.

За време на ревизијата, се покажа дека човекот сам го смислил сето ова. Откако инспекторите презентирале докази за неговите лаги, тој признал што направил.Против него е покрената кривична постапка и му се заканува затворска казна до две години.