Британија воведува остри санкции за Русија

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека Велика Британија веднаш ќе воведе остри санкции кон Русија.

Loading...

„Веднаш ќе воведеме пакет економски санкции“, изјави Џонсон на новинарите по состанокот на британскиот национален комитет за вонредни состојби, пренесува Ројтерс.

 

Путин ги призна Доњецк и Луганск: Русија ја создаде Украина

 

Британскиот премиер изјави дека одлуката за воведување санкции ќе биде донесена во Долниот дом на Парламентот, веројатно околу 12:30 часот по локално време.

Британскиот премиер рече дека санкциите може да ги опфатат руските банки.

Како што рече, санкциите „ќе бидат насочени не само кон активностите во Донбас, Луганск и Доњецк, туку и во самата Русија“.

Loading...

Санкциите тешко ќе ја погодат руската економија, истакна Џонсон, додавајќи дека има уште многу што „ќе направиме во случај на руска инвазија“.

Тој посочи дека Путин ќе открие дека „сериозно згрешил“ доколку Русија ја „нападне“ Украина и додаде дека се чини дека Москва е склона да го преземе тој чекор во целост.

 

Путин ги призна Доњецк и Луганск: Русија ја создаде Украина

 

„Мислам дека трагедијата на сегашната ситуација е тоа што претседателот Путин се опкружи со советници кои му велат дека Украина не е вистинската земја. И мислам дека тој ќе открие дека сериозно згрешил“, изјави Џонсон на новинарите по средбата.

Британскиот министер за здравство Саџид Џавид ја спореди сегашната ситуација со Украина со кубанската криза во 1962 година, оценувајќи дека светот е во подеднакво тешка позиција како кога беше на работ на нуклеарна војна.

„Можете да заклучите дека инвазијата на Украина започна“, изјави Џавид за Sky News.

Loading...

„Русите, претседателот Путин, одлучија да го нападнат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, рече Џавид.

 

Три сигнали дека претерувате со пиењето кафе