Шедоу повеќе од 17 години живее на пловечки остров во Виџон Слау, Канада, кој самиот го изградил од зачувани материјали и фрлени работи.
Exploring Alternatives го посети Шедоу, кој им го покажа својот дом и објасни зошто го направил тоа и како живее во него.
Својот остров го нарекува Nowhere Island, а неговата главна мисија е да ја заштити животната средина.
View this post on Instagram
Како што рекол во едно интервју, животот во градот му здосадил и сакал да направи нешто подобро. Така тој дошол на идеја сам да изгради остров подалеку од градот.
На едно мало островче, тој изградил две куќи, кокошарник, градина и магацин.
Како што вели, сака да живее одржливо и еколошки. Кога е зима собира огревно дрво од реката, тој сам си ја одгледува свежата храна во градината и собира свежа вода од блискиот извор.
View this post on Instagram
Секој дел од островот плови независно со свој офлајн соларен панел кој обезбедува електрична енергија. На тој начин, ако островот се распадне за време на бура, електроенергетскиот систем нема да се оштети.
Најголемите закани со кои се соочува во областа се ловокрадците, загадувањето, филмските екипи и локалните власти, кои со години се обидуваат да го избркаат од сопствениот остров.
Тој секојдневно патува по реката со својот кајак, собира ѓубре и им помага на животните на кои им е потребна помош.
Кога оди во град и назад, губи цел ден, а за тоа му треба кајак и велосипед. Тој вози со кајак до патот, а потоа го користи својот велосипед до градот каде што ги надополнува залихите.
View this post on Instagram
Во градот Шедиу има многу пријатели и семејство кои исто така понекогаш доаѓаат да го посетат.
На Инстаграм го следат 13.000 луѓе, а Шадоу таму ги објавува своите секојдневни авантури.
View this post on Instagram
Кога му е досадно, сака да гледа филмови и ужива во читањето книги. Тој ќе остане во својот дом се додека на природата и треба заштита, пишува Madly Odd.
Погледнете видео за неговиот животен стил овде: