Канцеларијата на шерифот во Сан Хоакин, Калифорнија добила дојава дека некој оставил куче пред имотот во Стоктон, а по пристигнувањето на местото на настанот пронашле старо и болно животно.
Откако чипот бил скениран, се покажало дека кучето се вика Зои и дека исчезнало во 2010 година од градот Лафајет. Таа била на списокот на исчезнати толку долго што компанијата што го произведувала нејзиниот микрочип пријавила дека е мртва, соопшти канцеларијата на шерифот. Откако полицијата утврдила дека сопственикот не го сменил бројот, ја контактирале за да ја известат дека нејзиното куче е пронајдено.
– Неа и нејзината сестра ја зедовме од прифатилиште за запуштени животни кога имаа шест месеци. Таа беше со нас шест месеци. Отидовме до продавница и бевме таму 20 минути, а кога се вративме повеќе ја немаше – изјавила сопственичката Мишел, пренесува NBCnews. Канцеларијата на шерифот објави снимка од првата средба меѓу Зои и нејзиниот сопственик по 12 години.