Нашето тело знае совршено добро кога нè обзема љубов.
Погледнете ги необичните, дури и смешни начини на кои реагираме кога сме сериозно заљубени.
Доволно е 1/5 од секунда
Иако имало многу спорови и сомнежи во врска со оваа теза, се чини дека љубовта на прв поглед сè уште постои.
Имено, заљубувањето активира дури 12 области на мозокот, откриено е во студијата објавена во стручното издание „Journal of Sexual Medicine“. Резултатот? Ако сте заљубени, можете да „знаете“ во рок од една петтина од секундата.
Срцето го забавува ритамот
Заљубувањето влијае на количината на многу хормони во телото. Последица – има намалување на крвниот притисок и забавување на отчукувањата на срцето.
Еден час помалку сон
Неколку различни студии дојдоа до истите резултати кога станува збор за спиење и заљубеност: сите занесени испитаници вклучени во тие студии изјавија дека изгубиле барем еден час ноќен сон откако се заљубиле.
Според анализата на овие студии, објавена во стручното издание „Journal of Adolescent Health“, научниците веруваат дека љубовниците ги чуваат будни мислите за личноста што ја сакаат навечер.
Стануваме заборавни
Кога сме целосно опседнати со некоја личност или, така да се каже, вљубени „до ушите“, нашиот мозок почнува да ослободува поголеми количини на окситоцин, т.н. хормонот на љубовта.
Го засилува чувството на поврзаност, но од друга страна може да ја ослабне способноста за паметење.
Значи, ако сме заљубени, тоа е објаснување за еден вид отсуство на дух и заборав.
Љубомората излегува на виделина
Тука едноставно не се чини дека има никаква помош: кога сме заљубени и гледаме некој близок како разговара со друга жена (или маж), љубомората едноставно излегува на површина.
Неодамнешна студија спроведена на Универзитетот во Флорида покажа дека љубовта нè прави премногу заштитнички настроени кон нашите партнери.
Помалку грчеви и болка
Истражувањето спроведено на „Универзитетското медицинско училиште“ во Стенфорд, покажа дека љубовта активира некои нервни рецептори во мозокот кои делуваат како лекови против болки.
Затоа, грчевите и болките што некое лице ги чувствувало порано, кога ќе се заљуби, исчезнуваат или барем се ублажуваат.
Сè има посладок вкус
Во една студија, објавена во стручното издание на Американската асоцијација за психологија, на студентите-испитаници им била дадена задача да напишат за своите љубови, а потоа им дале различни јадења и пијалоци да ги испробаат.
Без оглед на тоа каков вид на храна навистина вкусиле, сите испитаници дошле до истиот заклучок – дека сè има вкус некако послатко од вообичаеното.
Потешко е да се концентрираме
Истражувањето објавено во списанието „Motivation and Emotion“ покажа дека, затоа што постојано размислуваме за партнерот, заљубувањето може да ја намали нашата способност за концентрација. Ова го отежнува фокусот на конкретни задачи.
Тонот на гласот станува повисок
Кога жените зборуваат со маж кој е привлечен за нив, тие често зборуваат со повисок тон од вообичаеното.
Тоа е според истражувањето објавено во списанието „Journal of Evolutionary Psychology“.
Љубовта ги зајакнува коските
Љубовта има и сосема неочекувани ефекти. Имено, научниците открија врска помеѓу паровите кои се во среќен брак и се поздрави и поцврсти коски.
Среќни сме и еуфорични
Ендорфините се како природен морфиум во нашето тело, и кога сме заљубени, се јавува нејзино зголемено лачење. Ефектот е ист како дејството на хероин или опиум: предизвикува постојано чувство на среќа и еуфорија.
Љубеноста е нарушување?
Ех, да. Студија спроведена на Универзитетот во Пиза покажа дека нивото на серотонин кај новозаљубениот е еднакво на количината на серотонин кај пациенти со опсесивно-компулсивно нарушување.
Ова објаснува зошто постојано размислуваме за нашиот партнер, зошто треба постојано да бидеме со него/неа, да знаеме што прави, каде е…