НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО ИЗГЛЕДА КАКО ВСЕЛЕНСКИ БРОД: Ветува автономија од 1.000 километри со 1 полнење! (ФОТО/ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Првпат слушнавме за Fresco, норвешки стартап кој развива електрични возила (EV), во 2019 година кога го покажа дизајнот за новиот електричен седан Fresco Reverie.

Loading...

Тоа беше и последен пат кога слушнавме нешто за стартапот до неодамна кога објавија нов дизајн за електрично возило кое ветува автономија од 1.000 километри со едно полнење.

Наречен Fresco XL, тоа е тип на кросовер/транспортно возило што може да превезува до 8 луѓе и чија батерија е структурна компонента.

 

 

Не е кажано колку батеријата ќе обезбеди опсег од 1.000 километри, но од компанијата велат дека возилото ќе има два мотори, по еден за секоја оска и ќе биде дизајнирано за употреба во поостри климатски услови (како Норвешка).

Исто така, ќе можете да ги преклопите сите седишта и да ја користите внатрешноста на возилото како кампер.

Loading...