По претходните вести дека ракетата на SpaceX ќе падне на Месечината во март, НАСА објави корекција во вторникот и сега вели дека остатоците што треба да ја погодат површината на Месечината припаѓаат на друга, претходно лансирана кинеска ракета.
Веројатно станува збор за кинеската ракета Chang’e 5-T1 која беше лансирана во 2014 година, објави американската вселенска агенција.
НАСА го заклучи ова со анализа на орбитата на објектот во 2016 и 2017 година. Ударот на Месечината се очекува на 4 март.
НАСА претходно објави дека дел од ракетата Falcon 9 на SpaceX треба да се судри со Месечината на почетокот на следниот месец.
Станува збор за ракета на SpaceX која беше лансирана од Кејп Канаверал во 2015 година, но немаше доволно гориво за да се врати на Земјата, па оттогаш плови во вселената.