Турчин и Бугарка рекле судбоносно „да“ на крајно необичен начин, па завршиле на суд

Сподели со своите пријатели

Управниот суд во Дизелдорф во средата пресуди дека бракот склучен преку видео повик обезбеден од веб-страницата на американската сојузна држава Јута не е легален во Германија, пренесува магазинот Феникс.

Loading...

Имено, овој процес се случил затоа што Турчин и Бугарка од Дујзбург преку видео повик на споменатата веб-страница кажале „да“, а службеник во Јута го заверил и бракот го прогласил за легален.

Турчинот и Бугарката потоа поднеле барање за слободно движење во рамките на Европската унија, со што би добиле право да престојуваат во Германија.

Но, Канцеларијата за имиграција на градот Дујзбург одбила да го исполни нивното барање.

Случајот потоа бил изнесен на суд, а судиите донеле одлука дека бракот во Германија е неважечки бидејќи не бил склучен лично и пред матичар.

Приватното меѓународно право не може да го замени тоа бидејќи и двајцата не биле во Јута кога ги дале брачните завети, туку во Дујзбург – забележа судијата.

Не е објаснето зошто парот не се венчал во Германија.

Оваа одлука сè уште може да се обжали до Вишиот управен суд на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Loading...