Сите оние кои барем накратко платиле некого да се грижи за нивните деца, можеби сакале да ја шпионираат личноста на која му е доверена задачата, барем на кратко. Една мајка неодамна снимила тајно видео од дадилката на нејзината ќерка и тоа станало вирално речиси преку ноќ.
Станува збор за Ники Махер од Сомерсет, Масачусетс, која ја снимила својата бебиситерка, 18-годишната Дилејни Вилсон додека ја пее „Part of your world“ од „Little Mermaid“ на Дизни.
Во моментов видеото има над 3,3 милиони лајкови и се чини дека гласот на оваа девојка им се допаѓа на сите. На почетокот на видеото може да се види како мајката воодушевено шепоти „ова е нашата дадилка“.
Ники изјавила дека уште пред тајно да ја сними Вилсон како пее, знаела за прекрасниот глас на нејзината бебиситерка. Таа потврди и дека има „луда дарба“.
Откако милион луѓе го слушнаа нејзиното беспрекорно пеење, таа доби огромен број обожаватели. Како ви се допаѓа нејзиниот глас?
@nickiunplugged @delaneyreneemusic so happy you’re in our world 🧜♀️ #disney #singer #mom #babysitter #thevoice