За својата вселенска или сателитска интернет услуга, Starlink SpaceX треба да испрати куп сателити во вселената. За почеток добија одобрение за 12 илјади сателити, иако постои можност оваа бројка на крајот да се искачи на десетици илјади.
Распоредувањето на бројни сателити во орбитата на Земјата е потребно за да се покрие целата наша планета со брз сателитски интернет. Досегашните тестови и корисничкото искуство покажаа дека брзините на Starlink се повеќе од задоволителни, а благодарение на сателитите на Маск, многумина ширум светот конечно би можеле да добијат пристап до брз интернет. Но, тоа има и своја цена бидејќи сателитски интернет е многу поскап од класичниот широкопојасен и мобилен интернет.
Потребни се чести лансирања за испраќање на овој голем број сателити во вселената, а SpaceX планира да лансира по една ракета секоја недела оваа година.
Но, по последното лансирање наишле на неочекувани проблеми поради кои ги изгубиле речиси сите сателити кои ги лансирале. Имено, тие на 3 февруари лансираа ракета во орбитата од 49 сателити Starlink, но според предвидувањата на SpaceX, најверојатно 40 од нив ќе бидат уништени. Причина за тоа е геомагнетната бура, која предизвика речиси 50 отсто поголем отпор во однос на претходните лансирања, поради што не успеаја да стигнат до планираната орбита околу Земјата. Иако SpaceX направи маневар со кој се обидоа да го решат овој проблем, се чини дека повеќето од нив, односно 40, на крајот ќе изгорат во атмосферата, наместо да стигнат до планираната позиција.
Од SpaceX велат дека нивните сателити не претставуваат ризик од судир со други сателити и се дизајнирани да бидат целосно уништени кога ќе влезат во атмосферата – што значи дека нема да се генерира вселенски отпад или делови од нив ќе паднат на Земјата.