Вториот најголем грабеж: Уште еден хакерски напад на криптовалути, украдени 320 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Хакери украле повеќе од 320 милиони долари во криптовалути во напад на еден од најпопуларните мостови што ги поврзува етереумот и солана блокчејн.

Loading...

Нападот се случил во средата попладне, јавува CNBC.

Тоа е втора најголема кражба досега, по грабежот на крипто од 600 милиони долари на Poly Network, а исто така и најголемиот напад досега врз блокчејнот солана, ривалот  на етириум, кој добива на интензитет во екосистемот на незаменливи токени ( NFT) и децентрализирани финансиски платформи ).

 

 

Етириум е најчесто користената блокчејн мрежа и главен играч во светот на DeFi, во кој програмираните парчиња код, познати како паметни договори, можат да ги заменат посредниците како што се банките и адвокатите во одредени видови деловни трансакции.

Неодамна претставениот конкурент, солана, станува сè попопуларен бидејќи е поевтин и побрз за употреба од блокчејнот етириум.

Loading...

Сопствениците на криптовалути често не користат само еден блокчејн екосистем, па програмерите изградија вкрстени мостови за да им овозможат на корисниците да испраќаат криптовалути од еден синџир во друг. Така е создаден протоколот Wormhall, кој им овозможува на корисниците да ги преместат своите токени и NFT од мрежа на солана во мрежата етириум и обратно.

 

 

Програмерите на Wormhole на својот Твитер профил потврдија дека има нелегална активност, наведувајќи дека мрежата ќе биде „неактивна поради одржување“ додека истражува „потенцијална злоупотреба“. Официјалната веб-страница за протокол моментално е офлајн.

Според анализата на компанијата за сајбер безбедност blockchain SertiK, хакерите досега украле најмалку 251 милион долари етириум, речиси 47 милиони долари солана и повеќе од четири милиони долари USDC токени, монети поврзани со цената на американскиот долар. , пренесува CNBC.