Полска најави дека во таа земја ќе пристигнат дополнителни 2.500 американски војници, јавуваат светските медиуми.
За потсетување, растат тензиите меѓу Русија и западните земји во Украина.
Додека западните сојузници предупредуваат дека Русија подготвува инвазија, официјална Москва посочува дека тоа е запалива реторика на Западот и дека станува збор за проширување на НАТО на исток.
За потсетување, трупите на рускиот источен воен округ се распоредени на оддалеченост до 10.000 километри во рамки на проверката на силите за реакција, изјави рускиот министер за одбрана.
Сергеј Шојгу рече дека првата фаза од проверката е во тек и дека единиците на авијацијата и воздушната одбрана се преместени, пренесува РИА Новости.
Според него, војниците ќе вежбаат заштита и одбрана на државните и воените објекти, како и државните граници во воздушниот простор, во рамките на Единствениот регионален систем за воздушна одбрана на Белорусија и Русија.
Од друга страна, светските медиуми објавија дека во Украина пристигнале 500 тони оружје.
Треба да се напомене и дека САД им наредиле на членовите на семејствата на американските владини претставници во Белорусија да ја напуштат земјата.
Претходно тие издадоа предупредување да не се патува таму поради тензиите меѓу Вашингтон и Русија околу Украина.
„Поради зголемувањето на невообичаените и загрижувачки руски воени активности во близина на границата со Украина, граѓаните на САД кои се во Белорусија или планираат да патуваат во Белорусија треба да бидат свесни дека ситуацијата е непредвидлива и дека има зголемена тензија во регионот“, соопшти Стејт департментот, а пренесува Ројтерс.