Германија мора да продолжи да се потпира на рускиот гас

Сподели со своите пријатели

Германија мора да продолжи да се потпира на рускиот гас за постепено укинување на јагленот и намалување на цените на енергијата, предупреди Леонхард Бирнбаум, извршен директор на водечката компанија за електрична енергија Е.ОН.

Loading...

„Сметаме дека ни треба рускиот гас. Точка. Особено затоа што сега треба повеќе да се потпираме на гасот, бидејќи сакаме да престанеме да користиме јаглен“, рече тој, според Хина, повикувајќи се на ДПА.

Тој изрази поддршка за гасоводот Северен тек 2, кој треба да ги удвои испораките на руски гас за Германија, но беше критикуван во Вашингтон и меѓу сојузниците и оцени дека германската влада направила стратешка грешка.

„Гледано од перспектива на енергетска економија, Северен тек 2 помага. Политичката оценка може да биде различна и за неа треба да се разговара на политичката арена“, потенцира првиот човек на Е.ОН.

 

Катар: Ние не можеме сами да го замениме рускиот гас во Европа

 

И САД и Германија предупредија дека „Северен тек 2“, кој е завршен, но сѐ уште не е во функција, може да се соочи со санкции доколку Русија ја нападне Украина.

Loading...

Гасот што доаѓа од Русија преку гасоводот е во принцип поевтин од течниот природен гас (LNG).

„Ако треба да се потпреме на ЛНГ, цените на бензинот во Европа ќе бидат многу повисоки од претходно. За да паднат цените, повеќе гас мора да стигне до Европа преку гасоводи“, објасни Бирнбаум.

„Тоа секако значи увоз од Русија. Се надевам на разумен исход, и покрај сегашните тензии“, додаде тој.