„Ми требаше еден месец да му напишам писмо. На повеќе од пет страници опишав трауматично детство. Му реков на Џејсон дека му простив и сакам да си прости себеси“, рече таа.
Мајка ми почина на 22 години, во април 1993 година, кога имав 15 месеци. Не се сеќавам на неа. Додека растев, знаев многу малку за Шарлин, а татко ми Доналд, кој сега има 66 години, никогаш не ја спомна.
До својата седма година не се ни чудев зошто ја нема и немав контакт со семејството на мајка ми, се присетува Мераја Лукас од САД.
Моите први години од животот беа хаотични. Често бев гладна, во облека што не ми одговараше и имавме периоди кога живеевме во кола.
Во 1999 година, кога имав 7 години, татко ми заврши во затвор поради смртоносни напади со оружје и обвиненија за дрога.
Јас и брат ми отидовме да живееме со братот на татко ми и неговата сопруга и животот ни стана понормален – продолжи таа.
– Тетка ми беше најдобра пријателка на мајка ми и ми кажа дека мајка ми починала, иако не кажа како починала. Бев длабоко шокирана и тажна. Тетка ми ми кажа за љубовта на мајка ми кон танцот и пеењето, за тоа како ме облекувала во слатки фустани и како бев на нејзиниот погреб како дете. Сум стоела покрај ковчегот и врескала по неа. Ми ги подари и обетките на мајка ми и за прв пат ми покажа нејзина слика. Мислев дека е убава“, рече таа.
На 12-годишна возраст дознала од нејзината тетка и вујко дека нејзината мајка не само што умрела, туку била убиена од маж.
– Не прашав како се случило, но ми кажаа дека сторителот е во затвор. Се борев да го обработам она што го научив и не можев да се соочам со понатамошна потрага по детали“, рече таа.
Минатото постојано ја прогонувало
Потоа во 2009 година, на 18-годишна возраст, таа забременила. Во август 2010 година, таа го родила синот Чесе. Таа станала самохрана мајка и била скршена што нејзината мајка не била жива за да го запознае нејзиниот внук.
Подоцна го запознала сегашниот сопруг со кој имала уште две деца.
– Нашиот син Дилан, кој денес има девет години, се роди во ноември 2012 година. Бевме младо семејство и животот ни беше тежок, но љубовта и сигурноста што ги чувствував беа неверојатни. Станав домаќинка додека Коди работеше како архитект. Во мај 2014 година ја добивме и ќерката Харпер – рече таа, истакнувајќи дека често разговарала со сопругот за тоа што и се случило на нејзината мајка.
Додека размислувала за мајка си, не можела да избега од помислата на човекот кој и го одзел животот.
– Размислувањето за неа значеше дека човекот кој ја уби ми беше на ум. Од моето семејство дознав дека се вика Џејсон Кларк, но никогаш не ги истражував деталите за судењето или казната, бев премногу трауматизирана. Тоа многу ме оптоваруваше и често бев под стрес, вознемирена и нервозна. Тоа влијаеше на моите односи во минатото, но Коди имаше разбирање, а моите пријатели секогаш ме поддржуваа, рече таа.
Решила да му прости откако за малку ќе умрела од сепса
Во септември 2015 година, таа продолжила со диплома по кривична правда на Универзитетот ДеВри во Сан Диего, Калифорнија.
Во ноември истата година и биле отстранети два заба, но работите се искомплицирале и тешката инфекција се претворила во сепса. Нејзиниот живот висел на конец.
– Итно ме однесоа во болница и ме ставија во кома. Во еден момент, моето срце престана да чука. Лекарите успеале да ме спасат, а после тоа скоро смртно искуство, сфатив колку може да ми биде краток животот и почувствував дека е време да се обидам да се ослободам од сета болка и траума што ги носев“, се сеќава таа.
„Почувствував дека сакам да му простам, на убиецот на мајка ми. Сакав да стапам во контакт со него. Кога му го кажав тоа на Коди, тој сфати, иако многу од моите роднини полудеа по тоа. Сепак, тоа беше нешто што морав да го направам. Конечно, еден ден решив да му пишам на Џејсон во затвор. Тоа беше во јуни 2016 година – додаде таа.
„Беше помал отколку што замислував“
– Ми требаше еден месец да му напишам писмо. На повеќе од пет страници му кажав за моето трауматично детство и за прекрасниот сопруг и деца што ги имам. Му реков дека сум му простила и дека сакам да си прости. Еден месец подоцна, добив писмо од Хавиер Стауринг, извршен директор на организацијата наречена Healing Dialogue And Action, која работи на промени во системот на кривичната правда, рече таа.
– Тој објасни дека иако Џејсон го добил моето писмо, не смеел да одговори, но ми кажа дека наскоро ќе излезе од затвор, по 23 години и дека сака да се сретне со мене. Си помислив: „И јас го сакам тоа“, додаде таа.
И дојде тој ден, таа го запознала човекот кој ја убил нејзината мајка.
– Треперејќи од нервоза, влегов во таа соба во декември 2016 година и го видов Џејсон. Очекував да бидам исплашена, но тој изгледаше помал отколку што замислував. Изгледаше многу исплашен. Седеше треперејќи и имаше солзи во очите. Без размислување му пријдов и го прегрнав – се присетила таа.
Имал страшно детство, бил жртва на сексуална злоупотреба
Првото нешто што го прашала е: „Зошто го направи тоа?“ А тој во солзи ѝ рекол дека бил сексуално злоставуван уште од раѓање, а тоа продолжило и во зрелата возраст.
Се свртел кон дрогата за да може да се справи со ужасната траума, а Мараја дознала дека и нејзината мајка се дрогира.
– Ми кажа дека бил мета кога ја видел мајка ми која му должи пари за дрога. Се скарале, а тој ја избодел од жештината. Тоа беше прв пат во мојот живот да слушнам дека мајка ми се дрогирала, но ми беше олеснување да слушнам се што се случило. Џејсон беше емотивен, но се обидов да останам смирена. Не почувствував никаков гнев, само многу тага. Знаев дека и тој е повреден – продолжи таа.
Се стутка покрај мене и се извини. Ми објасни колку му било тешко во затворот, но научил многу.
Звучи бизарно, но интензитетот на таа тричасовна средба создаде таква врска меѓу нас што подоцна отидовме на вечера.
Го поканив Коди во ресторанот за да му кажам дека сум добро. Разговараше и со Џејсон и му се заблагодари што е толку отворен – додала таа.
„Прости му на Џејсон и помогни му да си прости, тој донесе таков мир во мојот живот“ Една недела подоцна, Џејсон дошол кај нив на вечера. Се запознал со нејзиниот сопруг и децата.
– Само што им кажавме на децата што направи Џејсон. Го прифатија тоа што го слушнаа. Џејсон знаел дека се среќава со внуците кои мајка ми немала можност да ги види и дека тоа е привилегија. Тој искрено им се извини, прифаќајќи ја одговорноста што баба им денеска не била со нив поради него. Оттогаш, нашето пријателство расте. Работиме заедно за да се залагаме за политички промени, реформи и простување“, рече таа.
Тие се гледаат со Џејсон неколку пати годишно, но често се слушаат. Тој си го врати животот и денес работи како возач.
– Тоа што му простив на Џејсон и му помогнав да си прости, донесе таков мир во мојот живот. Секогаш ќе го ценам нашето пријателство – заклучила Марија, а пренесува The Sun.