Сега знаете – знакот со јаболко на позадината на вашиот Ајфон не е само украс.
Многумина не знаеја за опцијата на Епл дека знакот на задната страна од телефонот може да се користи и како копче, па видеото на кое девојката покажува како се користи брзо стана вирално.
Излегува дека оваа функција на Ајфон се нарекува Back Tap и може да се користи… Па, всушност, за се. Може да биде кратенка до која било функција на телефонот – скриншот, камера, светло… Одговара на двоен или троен допир.
Опцијата постои само во iOS 14 и може да се активира преку поставките.
Така, одите во поставките, изберете ја опцијата Пристапност, потоа Допир и потоа заден допир. Кога ќе изберете Back Tap, ќе можете да изберете за која опција и на кој начин сакате да го користите јаболкото, пренесува Индекс.
https://www.youtube.com/watch?v=11C2ppHbPjg&feature=emb_title