Обединетите Арапски Емирати пресретнале две балистички ракети над Абу Даби

Сподели со своите пријатели

Обединетите Арапски Емирати рано утринава пресретнаа две балистички проектили над Абу Даби, а јеменските бунтовници Хути ја презедоа одговорноста за нападот, соопштија официјални лица.

Loading...

Ова е втор напад во една недела насочен кон главниот град на Емиратите.

Лансирањето на ракети дополнително ги зголемува тензиите во Персискиот Залив, каде што имаше неколку напади во близина на територијата на Емиратот за време на долготрајната војна во Јемен и по пропаѓањето на иранскиот нуклеарен договор со светските сили.

Нападот ги загрозува напорите на Обединетите Арапски Емирати, федерација од седум емирати на Арапскиот Полуостров, да создаде слика на земја погодна за бизнис и туризам. Со години земјата се претставува како безбеден дел во инаку опасна средина.

Државната новинска агенција ВАМ соопшти дека делови од пресретнатите ракети безбедно паднале над Абу Даби.

Емиратите се подготвени да се соочат со секаква закана и ги преземаат сите неопходни мерки за да ја заштитат земјата од сите напади, соопшти Министерството за одбрана на Емиратите, пренесе агенцијата.

Испуканите ракети го прекинаа сообраќајот на меѓународниот аеродром во Абу Даби, еден час по нападот.

Портпаролот на Хутите подоцна во порака на Твитер рече дека јеменските вооружени сили ќе ги откријат деталите за воената операција во Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија во следните часови.

Loading...

Амбасадата на САД во Абу Даби подоцна издаде безбедносно предупредување до Американците кои живеат во градот, предупредувајќи ги да одржуваат високо ниво на претпазливост.

Беа дадени инструкции како да се делува во случај на ракетен напад, што е првпат досега во Обединетите Арапски Емирати, туристичка дестинација каде што се наоѓа и Дубаи и каде што е седиштето на Емирати Ерлајнс.

Нападот се случи една недела откако јеменските бунтовници Хути ја презедоа одговорноста за нападот врз главниот град на Емиратите, насочен кон аеродромот и складиштето за нафта во Абу Даби на Националната нафтена компанија Абу Даби.

Властите на Емиратите сѐ уште не објавиле снимка од локациите кои биле цел на нападот, ниту пак им дозволиле на новинарите да ги видат.

Во последните неколку дена арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија, која е поддржана од Емиратите, изврши казнени воздушни напади врз Јемен, кога интернетот во таа земја беше оневозможен, а во напад на еден затвор загинаа 80 лица.

Бунтовниците Хути се заканија дека ќе им се одмаздат на Емиратите и Саудиска Арабија поради нападите.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија вчера соопшти дека балистичката ракета лансирана од бунтовниците Хути во Јемен паднала во индустриската зона во Гизан во Саудиска Арабија и дека еден странски државјанин е полесно повреден.