Шведските власти се збунети од извештаите за беспилотни летала кои наводно биле видени минатата недела како летаат над две нуклеарни централи на балтичкиот брег.
Loading...
Шведската полиција вчера соопшти дека е покрената прелиминарна истрага, додавајќи дека истрагите ги водат локални истражители, но дека на национално ниво ги координира националниот оперативен оддел на шведската полиција, пренесува агенцијата АП.
И полицијата соопшти дека засега нема осомничени.
Шведска има три нуклеарни централи: електраната Форсмарк северно од Стокхолм, Оскаршамн во југоисточниот дел на земјата и Рингхалс, најголемата од нив.
Во извештаите за дронови се споменуваат првите две нуклеарни централи.