Во текот на изминатата недела (10.01.2022 до 16.01.2022) во Куманово повеќе од двојно е зголемен бројот на нови случаи споредбено со неделата претходно.
Според статистиките на Министерството за здравство во текот на изминатата седмица се регистрирани вкупно 482 нови случаи во Куманово (заедно со Липково и Старо Нагоричане), додека во првите девет дена од почетокот на годината таа бројка изнесувала 206.
Најмногу нови случаи за еден ден биле регистрирани во четврток, дури 86 лица позитивни на ковид-19.
Во текот на изминатата недела починато е само едно лице поради компликации од коронавирусот.
Заклучно вчерашната статистика на Институтот за јавно здравје, во Куманово активни се вкупно 580 случаи.
Од почетокот на пандемијата во Куманово, Липково и Старо Нагоричане регистрирани се 13.829 случаи позитивни на ковид.

Досега во Македонија се направени вкупно 1.706.696 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 244.632, бројот на оздравени пациенти е 220.400, на починати е 8.100, а бројот на активни случаи изнесува 16.132.
Никола Ивановски