Испукани четири ракети врз амбасадата на САД во Багдад (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку четири ракети биле истрелани во нападот врз американската амбасада во Багдад во четвртокот, а американските власти ја обвинуваат „терористичката група“.

Loading...

Се чини дека видеото снимено за време на нападот покажува дека одбранбениот систем C-RAM на Амбасадата соборува најмалку два проектила, пишува Bussiners Insider.

 

 

Во соопштението, ирачката армија соопшти дека нападот бил извршен од населбата Дора во Багдад.

Три проектили паднале во периметарот на американската амбасада, изјавија за Асошиетед прес ирачки безбедносни претставници. Најмалку еден проектил го погоди училиштето Елаф.

Сведоците рекле  дека можеле да ги слушнат експлозиите, а видеата снимени од дописничката на Би-Би-Си Нафисех Конавард покажуваат дека одбранбениот систем C-RAM е активиран околу 19.30 часот по локално време во четвртокот.

Loading...