Шест лица се повредени, од кои едно во критична состојба, при пукање за време на концерт синоќа во сала во градот Јуџин во Орегон, а осомничениот за престрелката сѐ уште не е пронајден, соопшти локалната полиција.
Пукањето се случило на паркингот пред концертната сала, каде што настапувале Lil Bean & Zai Bang и други бендови и изведувачи, изјавија началниците на полицијата, истакнувајќи дека полицајците пристигнале околу 21.30 часот по пријава за пукање.
„Она што полицијата го откри кога пристигна на местото на настанот е она што би го очекувале кога ќе ви кажат дека штотуку биле застрелани шест лица. Повеќето луѓе само се обидуваа да се извлечат, додека други се обидуваа да помогнат“, рече началникот на полицијата Јуџин Крис Скинер на прес-конференција.
Шест лица се префрлени во болница, а најмалку еден од нив е во критична состојба, додека природата и тежината на повредите кај другите засега не се познати, рече Скинер.