На Фејсбук му се заканува астрономска казна за злоупотреба на податоци

Сподели со своите пријатели

Фејсбук со години се бори со приватните податоци на корисниците, па ништо не се смени ниту со новото име – Мета би можела да плати казна од 3,2 милијарди долари за злоупотреба на кориснички податоци во Велика Британија.

Loading...

Во тужбата се наведува дека компанијата ја искористила својата позиција на пазарот за да ги злоупотреби податоците на 44 милиони корисници.

 

 

Финансиското регулаторно тело (FCA) поднесе тужба во име на корисници кои имале сметки на платформата Фејсбук помеѓу 2015 и 2019 година, а се тврди дека компанијата заработила милијарди долари бидејќи барала од корисниците да достават чувствителни лични податоци.

Се вели дека Фејсбук е главната социјална платформа за поврзување со семејството и пријателите во Велика Британија, што има свои последици – корисниците немаат многу избор. Приватните податоци се собираат преку Фејсбук Пиксел – алатка која им овозможува на огласувачите да го следат однесувањето на нивните клиенти.

 

Loading...

 

Компанијата одговори дека „корисниците ја избираат својата платформа бидејќи им нуди нешто вредно и дека секој што има сметки може да контролира какви податоци споделува и со кого“.

Ова не е прв пат Фејсбук да наиде на вакви проблеми, а ситуацијата во Обединетото Кралство се случи само неколку дена откако САД одлучија да ја ограничат моќта на оваа социјална платформа на пазарот.