Европската унија го осуди хакерскиот напад на сајтовите на украинската влада и ги мобилизираше сите свои средства за да му помогне на Киев, изјави шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.
Свикавме итен состанок на амбасадорите на политичкиот и безбедносен комитет на ЕУ за да видиме како можеме да дејствуваме и каква техничка помош да и пружиме на Украина“, рече Борел во Брест, каде што беше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ.
Неколку сајтови на Владата на Украина паднаа денеска по хакерскиот напад.
Официјални лица рекоа дека е премногу рано да се каже кој стои зад нападот.
Москва ги негираше сајбер нападите врз Украина.
Последниве недели се зголемија тензиите меѓу Москва и Киев поради акумулацијата на руската армија на границата со Украина.