Рено планира наскоро да продава само електрични автомобили

Сподели со своите пријатели

Рено планира да продава само електрични автомобили во Европа во 2030 година, но има и план Б доколку не успее поради неразвиената инфраструктура за полнење или скапата струја, изјави извршниот директор на Рено, Лука де Мео, пренесуваат специјализираните портали за автомобилизам.

Loading...

Претходно, уделот на електричните автомобили во продажбата на Рено во 2030 година се очекуваше да биде 90%.

„Рено ќе биде 100 отсто електричен во Европа во 2030 година“, рече Де Мео, но додаде дека во случај на проблеми што ќе ја спречат целосната електрификација, како што е недостатокот на инфраструктура за полнење или високите цени на електричната енергија, ќе продолжи да продава автомобили со внатрешно согорување.

Постепено ќе се електрифицира и марката Dacia, членка на Renault Group, но „во последен можен момент“, што веројатно значи по 2030 година, најавуваат од Renault.

Наскоро се очекува Renault да ги претстави електричните модели Megane и Kangoo, а во подготовка е и Renault 5, мал електричен автомобил инспириран од ретро.

Европската унија сака да престане да продава нови автомобили со мотори со внатрешно согорување до 2035 година.