Твитер повторно ќе стане достапен во Нигерија откако владата на земјата во средата објави дека ќе ја укине блокадата за пристап до таа социјална платформа за кратки пораки.
По разговорите со американската компанија, беше договорено Твитер да отвори канцеларија во Нигерија, изјави владин претставник без да открие повеќе детали, пренесува Си-Ен-Ен.
Забраната се укинува од полноќ.
Претседателот Мухамаду Бухари на 5 јуни минатата година наложи да го забрани пристапот на Твитер во земја со околу 200 милиони жители.
Претходно, Твитер ја избриша контроверзната порака на претседателот за граѓанската војна во Нигерија и го суспендираше Твитер профилот на претседателот на 12 часа.
Владата тогаш не наведе конкретна причина за суспензијата.
Сепак, се вели дека платформата постојано се користела за активности кои би можеле да го поткопаат суверенитетот на Нигерија.