Руската државна вселенска агенција „Роскосмос“ и НАСА се во преговори за продолжување на работата на Меѓународната вселенска станица (IS S) до 2030 година, изјави денеска генералниот директор на „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин.
Loading...
– Во тек се разговори со НАСА за продолжување на работата на ИСС до 2030 година – изјави генералниот директор на Роскосмос, а пренесува руската агенција ТАС С.
Рогозин додаде дека САД испратиле официјално известување за продолжување на работата на ИСС до 31 декември 2030 година.
Генералниот директор на вселенската агенција наведува и дека двете страни постигнале договор за инженерска поддршка на модулот „Зора“ до 2024 година, кој е поддржан од Русија.