Повеќе од 1.200 луѓе се приведени во Казахстан поради учество во терористички напади, грабежи и други злосторства извршени за време на минатонеделните немири, соопшти кабинетот на командантот на армијата.
Во соопштението се наведува дека се приведени вкупно 1.237 лица, а запленети се 31 огнено оружје и 1.428 парчиња муниција.
Освен тоа, Службата за гранична заштита на Комитетот за државна безбедност привела 366 лица за време на антитерористичката акција, под сомнение дека учествувале во немирите.
Единиците на граничната служба се во состојба на борбена готовност, а мерките за безбедност на границите се зајакнати, пренесе ТАСС.
Протестите во неколку градови во Казахстан почнаа на 2 јануари, а неколку дена подоцна станаа насилни.
Повредени се голем број луѓе, а пријавени се и смртни случаи.