Марк Брајан (61), инженер по роботика и оженет татко на три деца, стана хит на социјалните мрежи благодарение на својот необичен моден избор.
Марк сака да носи здолништа и штикли. Пред четири години почнал радикално да ја менува гардеробата, па сега штиклите, тесните здолништа и чизмите до глужд се секојдневие од неговите модни комбинации.
Преферира здолништа од фустани бидејќи, како што вели за BrightSide, здолништата му дозволуваат да комбинира неколку парчиња – може да биде „мажествен“ облечен над половината, а родово неутрален под половината.
Кога првпат разговарал со децата за својата облека, се обидел да им објасни дека нема ништо сексуално во неговото облекување и дека не се работи за тоа дека нивниот татко е геј, вели тој. И децата и сопругата го подржуваат, а сопругата му помага да смисли комбинации.
Понекогаш наидува на негативни коментари и комбинации, но не се навраќа на тоа. „Ако луѓето почнат да ме прашуваат за сексуалноста, ги прашувам дали би биле заинтересирани да носат панталони“, вели овој посебен татко, кого на Инстаграм го следат над 600.000 луѓе.