Неколку локации во Куманово се без вода поради дефекти на водоводниот систем.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците „Иво Лола Рибар“, „Димитар Влахов“, „Перо Тошев“, „Страшо Пинџур“ и „Денко Драганов“.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.
Никола Ивановски