Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со врнежи од снег на северозападот и во Пелагонија, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Се задржа и ветровито, а преку ноќта најсилен беше ветерот во Штипско. Утринава во Прилепско има удари од северен ветер и до 40 км/час. Во 7 часот снег е забележан само на Пожаране, над Полошката котлина.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу три степени под нулата, додека дневниот максимум се очекува да достигне три степени целзиусови.
Ноќва врнежите од дожд се очекува да преминуваат во снег и на пониските места.
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Куманово е форирана снежна покривка од само еден сантиметар. Најголема снежна покривка според Управата за хидрометеоролошки работи, е формирана во Крушево 16 сантиметри.
Од утре се очекува да престануваат врнежите, но утринските температури ќе паѓаат длабоко во минус.
Никола Ивановски