Ковачевски ги објави предлозите за новите министри, Спасовски останува во МВР

Сподели со своите пријатели

Предлозите за министри во новата Влада кои ги предложи претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, вечерва го минаа партискиот филтер и истите ќе бидат доставени до Собранието. На чело на Министерството за внатрешни работи останува Оливер Спасовски, кој заедно со Ковачевски се единствените кумановци.

За министри од редовите на СДСМ во новата влада кои ќе ги бидат доставени до Собранието од СДСМ се:

Вицепремиер за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Славица Грковска, поранешна пратеничка на СДСМ, магистер по математички науки.

Вицепремиер задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, актуелен вицепремиер

Вицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ, досегашен министер за правда, магистрант по меѓународно и европско право.

Министерка за одбрана, Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ, поранешна заменик-министерка за внатрешни работи во техничката влада.

Министер за ватрешни работи, Оливер Спасовски, кој и досега ја извршуваше оваа функција, магистрант по уставно право.

Министер за правда, Никола Тупанчевски, познат професор на Правниот факултет.

Министер за земјоделство, Љупчо Николовски, поранешен и јас би додал успешен министер во овој ресор.

Министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, магистар по социолошки науки, членка на повеќе меѓународни тела, директорка на Државниот инспекторат за труд.

За министерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, актуелна пратеничка на СДСМ, Доктор на науки, професорка на Педагошки факултет.

Министер за транспорт и врски, Благој Бочварски, актуелен министер, поранешен градоначалник, дипломиран архитект.

– Од сите нив очекувам максимално посветена работа во интерес на граѓаните и остварување на ветеното. Составот на новата Влада и владината програма утре ќе ги доставам до Собранието на Република Северна Македонија. Новата влада ќе биде високо продуктивна во работењето, посветена на економските предизивици, како и на зајакнување на животниот стандард на граѓаните, рече Ковачевски.

Никола Ивановски