Девет деца загинаа, а четири се ранети денеска во експлозија во источен Авганистан во близина на границата со Пакистан, соопшти канцеларијата на гувернерот на талибанците.
Во соопштението се вели дека експлозијата се случила кога количка со храна погодила стара, неексплодирана минофрлачка граната во областа Лалопар, во источната провинција Нагархар.
Не се дадени повеќе детали.
По преземањето на власта во земјата, талибанците се соочуваат со зголемена закана од локалниот огранок на Исламската држава, чии членови ги интензивираа нападите врз ривалските цели.
Авганистан е меѓу земјите со најмногу неексплодирани убојни средства и друга муниција од повеќедецениската војна во земјата. Најчести жртви на експлозии на нагазни мини се децата.