Столтенберг: Русија скапо ќе плати ако ја нападне Украина

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска предупреди дека Украина има право да се брани и дека Русија скапо ќе плати доколку одлучи да употреби сила.

„Мораме да постигнеме политичко решение и да избегнеме војна. Но, ние мора да бидеме подготвени ако Русија избере повторно да употреби вооружена сила, да избере конфликт наместо соработка. И затоа мораме да испратиме многу јасна порака до Русија дека сме обединети во ставот дека таа скапо ќе плати во тој случај“, рече тој пред состанокот на Комисијата НАТО-Украина на прес-конференција со украинската вицепремиерка Олга Стефаничин.

 

Започнаа преговорите на Русија и САД околу Украина