Идните телефони на Епл можеби немаат слот за СИМ картичка

Сподели со своите пријатели

Неофицијалните информации велат дека некои од идните модели на Ајфон  ќе имаат само еСИМ картички. Во јавен документ во кој се наведува дека „изгледа легитимно“,Епл ги советуваше американските мобилни оператори да се подготват за лансирање на еСИМ телефоните, што ќе се случи во септември 2022 година.

Loading...

Како дел од транзицијата, некои мобилни оператори се очекува наскоро да започнат со продажба на некои модели на Ајфон 13 без слот за нано СИМ. Патем, веб-страницата на Епл веќе продава телефони кои корисниците можат да ги активираат користејќи eSIM, поврзувајќи го телефонот со Wi-Fi мрежа и следејќи ги упатствата на екранот.

 

 

Давајќи рок до септември следната година, можно е Епл да планира физички да го отстрани слотот за SIM до тоа време веќе кај моделите на Ајфон  14, а не кај моделите на Ајфон 15, како што беше претходно навестено.

Инаку, еСИМ е дигитална верзија на СИМ картичката, која на корисниците им ги овозможува сите функции како и класична СИМ картичка во телефонот. Сепак, услугата еСИМ сè уште не е достапна во сите земји, па Епл сигурно уште некое време ќе прави модели со класичен слот за СИМ. Прифаќањето на еСИМ станува се побрзо и сега повеќе од 100 мобилни оператори ја нудат оваа услуга како дел од стандардната услуга.

Ајфон 13 веќе поддржува повеќе профили на еСИМ, што значи дека корисниците можат да се претплатат на различни мобилни планови и да префрлаат софтвер од еден на друг.

Loading...