Ноќта низ државата мина претежно ведро, а утрово по котлините вдолж Повардарието има појава магла (најмногу во источниот дел од Скопската Котлина со намалена видливост до 200м).
Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец, а во северозападните планински подрачја умерен до засилен ветер од западен правец.
Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 9 до 17 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен над нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне 10 степени целзиусови.
Никола Ивановски