Сообраќајна полиција на повисоко ниво: Погледнете како овој полицаец лета и идентификува (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

DroneHunter, како што сугерира неговото име, е дизајниран да ги лови несаканите дронови, користејќи радарски систем со вештачка интелигенција и специјална мрежа.

Loading...

За време на неодамнешното тестирање во Аризона, тој успешно „елиминираше“ различни авиони од небото (UAV), чија максимална тежина е 9,1 килограм.

Модерната технологија овозможи брз развој на беспилотни летала, кои се користат од двете страни на законот.

Така армијата и полицијата го чуваат обезбедувањето со дронови, шверцери пренесуваат наркотици, а забележан е и обид за атентат на претседателот на Венецуела.

Затоа е подеднакво важен развојот на контрамерки, кои вклучуваат специјални пушки видени во Брисел.

Во следниот прилог ќе видите како DroneHunter целосно автономно полетува, идентификува, пресретнува и фаќа „непријателски“ авиони.

 

Loading...