Пијан возач залутал на патот, а полицаецот што го стопирал стана хит на интернет (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Да не беше снимен со камера, малкумина ќе поверуваа дека вакво нешто може да се случи на патот. На патот Пошушје – Томиславград во БиХ, возач во мерцедес со дубровнички регистарски таблички е снимен како неколку минути талка по патот, а неговото лудо возење го снимил возачот зад него.

Loading...

Поголемиот дел од времето возел по спротивната лента, неколку пати за малку ќе слетал од патот, а кога во последен момент доаѓале автомобили да го пречекаат тој менувал коловозна лента.

На крајот го пречекала полиција, но возачот не застанал туку продолжил да вози, па по него потрчал полицаецот и едвај го запрел мерцедесот. Иако се мислело дека на возачот можеби му се слошило, се испоставило дека тој се уште бил под дејство на алкохол.

Автомобилот имал дубровнички ознаки, но возачот бил од Неум. Од полицијата за Радио Сараево потврдија дека дошло до инцидент на патот недалеку од Томиславград и дека против несовесниот возач е поднесена кривична пријава.