Златниот ретривер го забележа чистачот на прозорци и направи нешто што ги стопи срцата на сите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Видео  кое го прикажува моментот кога златниот ретривер се спријателил со чистач на прозорци стана вирално на интернет и достигна 33,4 милиони прегледи.

Loading...

Снимката, споделена на неговиот профил на ТикТок од корисник по име Pawbrey, покажува голем златен ретривер кој стои во дневната соба на станот додека чистач, прицврстен со јаже, се спушта низ прозорецот однадвор.

Кога кучето го видело неочекуваниот гостин, брзо ја зграпчило својата играчка и истрчало до прозорецот со намера на новиот пријател да му подари гумена риба.

Човекот вредно го чистеше стаклото и ја гребеше нечистотијата, додека кученцето возбудено гледаше, лае и мавта со опашката, а луѓето во ТикТок не го криеја задоволството од глетката.

“Кучињата се навистина најдобри. Изгледа тој му вели: Еј, дали ќе играме и ќе се дружиме?” напиша еден коментатор.

„Можеби и тој сака да научи како да чисти прозорци? се пошегува друг.

 

@pawbrey

When she brought him the toy 😭 #goldenretriever #fyp #couchguy

♬ still falling for you – audiobear

Loading...