Кина започна нова рунда експерименти за фузија на напреден суперспроводлив токамак (машина за производство на тороидално магнетно поле за разграничување на плазмата или реактор за фузија), исто така познат како EAST или „Кинеското вештачко сонце“
Експериментите на „вештачкото сонце“ почнаа да се спроведуваат во Институтот за физички науки Хефеи, објави новинската агенција Ксинхуа.
Сонг Хунтао, заменик – директорот на Институтот, рече дека целта на експериментот е насочена кон подобрување на помошниот систем за греење, со цел „вештачкото сонце“ да стане уште пожешко и поиздржливо.
Тестирањето се очекува да трае околу половина година.
Реакторот EAST е дизајниран да го имитира процесот на нуклеарна фузија што се одвива на Сонцето.
Од неговото лансирање во 2006 година, тој стана отворена платформа за кинески и меѓународни научници кои спроведуваат експерименти за фузија.
Досега „вештачкото сонце“ постави неколку рекорди во должина на магнетно задржување на екстремно жешката плазма.
Во јуни оваа година EAST достигна температура од 160 милиони Целзиусови степени, што е десет пати потопло од Сонцето.
EAST е еден од трите токамаки што се користат во Кина и е дел од Меѓународниот термонуклеарен експериментален реактор (ИТЕР), меѓународен истражувачки и инженерски проект во областа на нуклеарната фузија.
Проектот вклучува изградба на најголемиот реактор за нуклеарна фузија до 2035 година, кој ќе биде лоциран во Франција, пренесува RT.