На Гренланд температури од 20 до 30 степени над просекот

Сподели со своите пријатели

На Гренланд температурите во претходните денови беа за 20 до 30 степени над просекот за овој период од годината и на многу места беа над нулата, објави данскиот метеоролошки институт.

Loading...

Во главниот град Нуку на 20 декември температурата била 13 степени, а во овој период од годината просечната температура е минус 5,3 степени.

Северно од тоа, во Кванакуо живата се искачи до 8,3 степени, а за овој период е вообичаена минус 20,1 степен, се наведува во соопштението.

Се посочува дека една од причините за покачените температури е метеоролошкиот феномен „фен“, топол ветер кој дува доста често на Гренланд.

 

 

Во текот на летото топлотниот бран со температури над десет степени повисоки од вообичаените предизвика масовно топење на ледената покривка на Гренланд.

Loading...

Тогаш секој ден се забележуваат загуби од осум милијарди тони мраз, што е двојно повеќе од просечниот ритам во текот на летото.

Годинава на 14 август врнеше дожд на врвот на највисоката точка на Гренланд, висока 3.216 метри, што никогаш досега не се случило.