Во Куманово денеска привремено без вода ќе бидат пет локации поради дефекти на водоводната мрежа.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, без вода денеска привремено ќе бидат следниве локации: улиците „Ангел Дуцо“ бр. 2, „Х.Т.Карпош“ бр. 83, „Тоде Мендол“ бр. 49, „В.С. Бато“ бр.3 и Сектор ресторант „АРКУС“.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.
Никола Ивановски