Прстен со ранохристијански приказ на Исус пронајден на пристаниште во Израел

Сподели со своите пријатели

Прстен со ранохристијански приказ на Исус како овчар е пронајден заедно со други артефакти на местото на пристаништето  пред многу векови во близина на брегот на Израел, објавија археолозите.

Loading...

Златен прстен со сино-зелен скапоцен камен на кој е изгравиран ликот на момче кое носи овен или овца на рамениците е пронајден заедно со стотици сребрени и бронзени монети на морското дно во близина на древното пристаниште Цезареја, соопшти израелската управа за антиквитети.

 

 

Добриот пастир бил еден од најраните симболи што ги користела христијанската заедница на Исток, вели еден археолог, додавајќи дека прстенот датира од средината на третиот век. Според Евангелието по Јован, Исус се нарекол себеси Добриот Пастир кој ќе го заштити своето стадо верни следбеници.

Израелската управа за антиквитети соопшти дека предметите, кои вклучуваат и римски фигурини и прстен со врежана слика на библиска лира, биле извлечени од трупот на два брода, стари шест, односно седумнаесет века, кои веројатно потонале за време на бури додека биле закотвени.

Делата на апостолите од Новиот завет го опишуваат Петар како го крстил римскиот стотник Корнелиј во Цезареја. Градот бил еден од најраните центри на христијанството и во него се наоѓала една од првите христијански заедници, соопшти израелската управа за антиквитети.

Loading...