До недела претежно стабилно време, но со ниски утрински температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде ведро и студено во утринските часов, а во текот на денот сончево со мала локална облачност.

Loading...

Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималните температури на места ќе се спуштат под минус 10 степени и ќе бидат во интервал од -12 до -4, а максималните од 2 до 9 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од шест степени под нулата во утринските часови до максимални три степени во текот на денот.

 

Loading...

 

Утре и за време на викендот по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност.

Од недела ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд. Утринските температури насекаде ќе бидат позитивни.

 

Никола Ивановски