Плоштадот во Куманово во петок треба да добие новогодишен лик, а за тоа ќе се погрижат најмладите граѓани со настан кој ќе започне во 10 часот.
Ученици и наставници по ликовно образование од сите училишта во градот ќе го декорираат градскиот лоштад со рачно изработени новогодишни украси од рециклиран материјал.
– Целта е да се поттикне креативност кај младите, а преку заштеда на електрична енергија и реупотреба на материјали да добиеме уникатно украсен плоштад! Нашите ученици ќе ја донесат новогодишната магија, нашите ученици ќе бидат извор на среќа за најмладите во пресрет на празниците, соопшти претседателката на Советот на општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска.
Повик сите да се вклучат во акцијата упати и советничката Невена Величковска која сподели фотографија со млади од повеќе политички партии.
Во меѓувреме привршува и поставувањето на новогодишна елка до споменикот на Батко Ѓорѓија која симболично ќе го означи крајот на 2021 година, со оглед дека годинава градот нема да издвојува посебни средства за новогодишно осветлување, а како што појаснија надлежните, со цел да се заштедат пари, но и електрична енергија.
Никола Ивановски