Пожар вчера околу пладне избувнал во семеен дом во населбата Ајдучка чешма во Куманово, а причината била неисправна електрична греалка.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, пожарот бил со мал интензитет и сопственикот го изгаснал самиот додека да пристигне противпожарната екипа.
Во 13:25 часот на терен пристигнале петмина пожарникари со едно противпожарно возило кои извршиле контрола на опожарениот дел од објектот и констатирале дека пожарот е ликвидиран.
Причина за избувнување пожарот била неисправна електрична греалка, а причинета е материјална штета.
Никола Ивановски