Девојката (21) од САД се прослави благодарение на тоа што боледува од необично пореметување. На ТикТок е позната како Бриџит, а фановите ги изненади со тоа што седна на стол и ги сврте нозете нагоре во невозможна положба, така што изгледаше како нешто да исчашила. Во еден момент дури се слушна дека и се грчи коленото или колкот.
Таа не наведе за кое нарушување се работи, но вели дека нема пари за специјалистички преглед. Сепак, меѓу милионите гледачи има и такви кои мислат дека знаат за што се работи. Имено, тие тврдат дека Бриџит боледува од Елерс-Данлосов синдром.
Тоа е наследна колагенска болест која се карактеризира со прекумерна подвижност на зглобовите, прекумерна еластичност на кожата и кршливост на сите ткива.
„Знам дека ова не е нормално, дека не треба да го правам тоа, па последен пат го направив тоа кога бев дете“, напиша Бриџит со видеото што го направи минатата година, а кое неодамна го објави на својот профил.
@noodlesslutt posting this first draft since a lot of y’all commented expecting to hear a crack😂💀