Граѓаните да се воздржат од употреба на пиротехника, апелираат од СВР Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Граѓаните да се воздржат од употреба на пиротехнички средства во пресрет на новогодишните празници, апелираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Loading...

Полицијата деновиве спроведува активни превентивни, но и репресивни кампањи за сузбивање на оваа појава во пресрет на празниците.

– СВР Куманово и годинава спроведува превентивна кампања со цел да им се укаже на граѓаните од можните последици од употреба на петарди и други пиротехнички средства. Се преземаат репресивни мерки за употреба на петарди и други пиротехнички средства и им се укажува на граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба, изјави Ивана Младеновска, портпарол на СВР Куманово.

 

 

Во текот на минатата година полицијата запленила вкупно 1.549 парчиња петарди, додека во 2019та година биле запленети 1.182 парчиња.

Против сторителите се поднесени соодветни пријави.

Loading...

Во меѓувреме од кумановската полиција апелираат граѓаните да не користат пиротехника бидејќи можат да се здобијат со повреди.

– Апелирам до граѓаните да се воздржат од употреба на пиротехнички средства за време на предновогодишната ноќ и новогодишната ноќ бидејќи со употреба на пиротехничките средства си го загрозуваат животот и здравјето на самите себе, но и на другите, вели Младеновска.

Младеновска апелира до граѓаните доколку некој им нуди петарди тоа да го пријават на телефонскиот број 192.

Никола Ивановски