Младите се запознаа со работата на Судот и Центарот за социјална работа во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ученици од неколку училишта во Куманово денеска имаа можност да ги посетат Центарот за социјална работа Куманово како и Основниот суд и одблизу да се запознаат со работата на овие две институции.

Loading...

 

 

Посетата беше организирана од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово, а во соработка со Општински совет за превенција на детско претстапништво.

– Денеска на Дневен ред беа службите на Центар за социјалн работа Куманово да се запознаат со нивните надлежности и работа со малолетни лица, воедно и посета на Основен суд Куманово и подетално запознавање со работа на судија за малолетници, изјави Виолета Богдановска, началник на Отсек за превенција.

 

Loading...

 

Освен за основните функции на овие две институции денеска се разговарало и за одговорноста на младите при користење пиротехнички средства, нивно превенирање и заштита на младите.

Никола Ивановски